ФРАНЦУСКИОТ печат зборува за „француско-германски самит“, тоа е насловот на спортскиот весник „Л’Екип“, кој насловот го придружува со фотомонтажа на која Килијан Мбапе и Mануел Нојер се држат рака за рака, како Митеран и Кол во 1984 или Макрон и Меркел во 2018.
КАПАЦИТЕТИТЕ на Маврово исполнети, сепак без странски туристи приходите помали за 30%
ПРОДОЛЖУВА високата бројка на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, што во континуитет е присутна во овој месец, во кој во просек дневно се регистрираат по најмалку 150 случаи.
ПОРАДИ пандемијата со новиот коронавирус милиони луѓе во Кенија останаат без работа, поради што многумина се принудени да ги ловат загрозените диви животни, со цел да си обезбедат храна.
НАЈМАСОВЕН протест на улиците на Минск досега. Еден белоруски новинар на Твитер објави дека во моментот на улиците на главниот град на Белорусија има повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.
More than 250K already at the Independence square in Minsk! It’s more than in 1990 when people protested for Independence.
Belarus will be free. pic.twitter.com/cUKTIKuKqo
— Franak Viačorka (@franakviacorka) August 23, 2020
ШЕФОТ на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека Европска Унија не планира Белорусија да стане „втора Украина“ и оти треба да продолжи дијалогот со белорускиот претседател Александар Лукашенко.
КОНЦЕРТЕН викенд во Бабино, Бах под отворено небо и брас изведби на познати музички теми.
ФЛОРИН Бесими отстапува од пратеничкиот мандат за да избегне конфликт на интереси.
ТРИ жени од тетовско село вчера во полициската станица во Тетово пријавиле дека 43-годишен соселанец извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки.
J. Ѓ.