Пратеникот на ДУИ, Флорин Бесими, кој беше избран на листата во шестата изнорна единица се откажал од пратеничката функција. Тврди дека одлуката ја донел откако била објавена листата на кандидатите за министри каде е предложен и неговиот брат, Фатмир Бесими, номиниран за министер за финансии.
Бесими во својата фејсбук страница објаснува дека сака да остане принципиелен и да избегнува ситуации на конфликт на интереси.
Останувајќи силно во принципите за еднаквост, правда, можност за сите и почитувајќи ги целосно и без двоумност законот и волјата на народот, јас ве информирам дека останувам принципиелен и се откажувам од мандатот на народен пратеник за да избегнам можен конфликт на интереси со мојот глас во Собрание, напишал Бесими.
Тој тврди дека одлуката ја донел од денот на објавувањето на кандидатите за новата извршна власт и во консултации и согласност со лидерот на партијата, Али Ахмети. Бесими пишува дека се враќа во служба на народот, таму кај што може да придонесе најмногу, во неговата професија и неговиот град.
Вчера Државната Комисија за Спречување на Корупцијата оцени дека Флорин Бесими не може да учествува во гласање на новата Влада бидејќи на листата на кандидади стои и неговиот брат.
Д. Е.







