ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК: Кај Ангеловска нема кривична одговорност, но потребно е доуредување на категоријата судир на интереси во сите прописи

August 24, 2020 12:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) не утврдува кривична одговорност, но од етички аспект го покренува прашањето од високо ниво и ќе препорача да се доуредат прописите, особено меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Министерството за финансиии и останaтите регулаторни тела, со тоа што ќе се додадат уредби со кои ќе се регулира судирот на интереси, ќе се предвиди како тој да се спречи особено оној момент каде што се кажува дека одредени носители на функција имаат можност да располага со информации и истите да ги искористи за себе или да обезбеди корист за некој друг.

Ова денеска го соопшти Билјана Ивановска, претседател на ДКСК по седницата на која бил разгледуван предметот за можен судир на интереси со стечајот на Еуростандард банка и депозитот на министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа додаде дека заклучокот е донесен врз основа на целокупната документација прибавена од Министерството за финансии и од Народна Банка.

– Со стапување на функцијата, министерката за финансии по службена должност располагала со информации и податоци за движењата на банкарскиот и на финансиските пазари и имала можност да ги дознае податоците поврзани со банката, каде таа е клиент, а не биле достапни на другите штедачи во таа банка. Овие инфорации податоци можеле да имаат влијанеи врз донесувањето на нејзината одлука поврзана со депозитот во таа банка, со што таа имала предност пред останатите штедачи во банката, изјави Ивановска.

Прв документ, според Ивановска, на кој стои дека се разговарало за ситуацијата во Еуростаднард Банка, бил записникот од 4 јуни.

– Претходно можеби се разговарало, можеби не, битно е дека самата функција и обезбедува можност да дојде до информации кои се однесуваат на нејзините средства во таа или во која било друга банка. Ние не покренуваме некаква санкција против министерката, но сакаме да го истакнеме етичкото прашање кое е многу битно, изјави претседателката на ДКСК, додавајќи меѓу другото дека сомнежот очигледно е дека постои.

Билјана Ивановска, претседателот на ДКСК посочи дека во периодот откако Ангеловска е министер за финансии одржани се два состаноци на Комитетот за финансиска стабилност на 19 март и на 30 април, а записниците, подвлече, упатуваат дека се разговарало за Еуростандар банка.

Ивановска како значајно ги потенцира тоа што Владата по препорака на ГРЕКО има донесено етички кодекс во кој е дефинирано дека членовите на владата и носителите на јавни фукнции посебно треба да водат сметка за почитување на Законот за судир на интереси, но и да избегнат сомнеж за постоење судир на интереси, бидејќи, рече таа, јавноста се сензибилизира по ова прашање.

Меѓу другото посочи дека Законот за Народна Банка во членот н 43 предвидува дека одржување редовни состаноци, а се информираат меѓусебно односно комуницирањето е уредено и со меморандум, кој во април е дополнет и доуреден.

Ивановска информира дека за ДКСК ќе биде приоритет донесување Закон за потекло на имотот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Градските инспектори го бараат виновникот кој фрлал шприцови во контејнер кај салата „Борис Трајковски“

НАЈНОВО

Експлозијата во Тенеси однесе најмалку 16 животи – истрагата сè уште трае

October 12, 2025
Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk