ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Меркел ја повика Русија да го испита труењето на Навални

Навални во саботата беше однесен во Германија на лекување, а тестирањата покажаа дека тој веројатно е отруен, објави денеска клиниката „Шарите“ во Берлин, каде беше префрлен од Русија.

August 24, 2020 22:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја повика Русија да го испита наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и да ги изведе сторителите пред лицето на правдата, откако лекарите пронајдоа траги од отровна супстанца во неговото тело.

– Со оглед на истакнатата улога на Навални во политичката опозиција на Русија, ги повикувам тамошните власти итно да го истражат ова злосторство до последен детал – и тоа целосно транспарентно, рече Меркел во заедничката изјава со министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

– Тие што се одговорни мора да бидат идентификувани и да одговараат, додаде Меркел.

Навални, кој е остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се онесвести во авион минатата недела, откако пиеше чај додека беше на пат за Сибир. Лекарите во сибирската болница, кои први го лекуваа Навални, рекле дека му го спасиле животот, но во неговиот систем не нашле никакви траги на отров. Тие изјавија дека не биле под притисок од надлежните додека го лекувале.

Тој во саботата беше однесен во Германија на лекување, а тестирањата покажаа дека тој веројатно е отруен, објави денеска клиниката „Шарите“ во Берлин, каде беше префрлен од Русија.

Во соопштението се наведува дека тим лекари кои го испитале Навални, утврдил присуство на инхибитори на ензимската холинестераза, супстанција која се наоѓа во некои лекови, но и во пестициди и нервни агенси.

Лекарите, сепак, истакнаа дека во овој момент не можат да утврдат на која супстанција бил изложен Навални.

Во изјавата се вели дека тој сè уште е на интензивна нега во индуцирана кома, како и дека неговата состојба е сериозна, но неговиот живот не е загрозен./МИА/

Next Post

Промотивен спот за Струшките вечери на поезијата 2020 - „Простор за поезија“

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk