ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Прва неформална средба на тема дигитализација на иницијатива на ИДУЕП

August 24, 2020 16:24
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Дигитализацијата носи позитивни промени“ – ова е заклучокот на првата неформална заедничка средба која денеска се одржа на иницијатива на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). На средбата учествуваа потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, меѓународниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП.

Дигитализацијата конечно стигна многу високо и на политичката агенда и во приоритетите на сите политички партии, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој додаде дека дигиталната трансформација е голем предизвик во справувањето со здравствената криза, како во областа на образованието, така и во начинот на функционирањето на сите институции. Тој како еден од примерите го посочи и Собранието, каде во следниот период мора да се предвиди нов начин на работа и одлучување, како и нови протоколи, кои во голема мера ќе се базираат на дигитализацијата.

Предизвиците се големи и се однесуваат на сите сектори и институции. Ние сме една од земјите- лидери во Европа во дигитализацијата, а една од придобивките кои ги имаме претставува електронскиот регистер на население. Следниот предизвик ќе биде сите институции да почнат да го користат и повеќе да не бараат од граѓаните физичко доставување на разни видови документи. Ваквиот пристап е уште еден начин за поддршка во борбата со здравствената криза со која во моментов се соочуваме, истакна Манчевски.

Тој смета дека градењето на политички консензус околу одредени теми е клучно и тоа е една од целите на денешната средба, а умешноста на политиката е да се придобие што е можно поголема поддршка од сите, особено кога предлозите кои политичарите ги даваат се од корист за граѓаните.

Се надевам дека доаѓаме до еден посмирен период на политичката сцена, бидејќи крупните проблеми и прашања кои предизвикуваа поделби се решија. Сега многу повеќе сме и треба да се насочиме кон секојдневните важни прашања и тука навистина не гледам многу простор за жестока дебата, посочи потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски потенцираше дека дигитализацијата беше високо позиционирана во предизборната кампања на партиите, бидејќи како тема ги засега сите граѓани, а тоа особено го видовме во случувањата поврзани со глобалната пандемија од Ковид-19.

Предизвиците во оваа сфера се големи. Како земја треба да инвестираме во технолошка инфраструктура, знаења и вештини поврзани со дигитализацијата. Со една реченица, во Македонија уште многу треба да се направи со цел да се достигнат стандардите во дигиталната трансформација кои ги гледаме надвор од нашата земја.“, рече Муцунски. Тој истакна дека најголем предизвик останува што ќе се случува со образовниот процес, бидејќи како држава сеуште немаме конкретен план и стратегија како конкретно ќе изгледаат претстојната учебната и академската година. „И токму во образованието клучна е инвестицијата во дигитализацијата. Тоа е нешто на кое требаше интензивно да се работи во периодот што измина. Неопходно е Владата да ги слушне критиките и врз основа на нив да се направи стратегија како да продолжиме напред, секако земајќи ги во предвид здравствените околности.“, рече меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Муцунски посочи дека мора да се најде соодветна стратегија за образованието, истакнувајќи дека ваквите средби како денешната можат да бидат исчекор во таа насока, а преку отворена дискусија да се чекори кон реално и заедничко решение за овој проблем, бидејќи образованието е клучен фактор за развојот на економијата, но истовремено е важно образовно и социјално прашање. Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП посочи дека токму Манчевски и Муцунски во, претходната изборна кампања успеале и ја ставиле дигитализацијата високо на агендата како тема која е многу важна за граѓаните и не засега сите.

За време на оваа коронакриза сите увидовме кои се предностите да се учи или студира онлајн, да се работи од дома итн. Но, во ера на коронавирус многу е важно да шириме и два други позитивни „вируса“: едниот е зрела и демократска политичка комуникација која ќе се базира на дебата и аргументи. Втората работа е целосно посветување на приоритетите и потребите на сите граѓани, а една од најважните е токму дигитализацијата“, рече Кордалов. Тој посочи и дека дигитализацијата е еден од столбовите на новото „нормално“ и дека е неопходно темата да се постави како натпартиска, односно да се изгради национална платформа за дигитализација.

Се надевам дека ваквиот пристап ќе го следат политичарите и во другите области, како и дека многу скоро ќе успееме да изградиме широк фронт за спроведување на инклузивен и одржлив процес на дигитализација. Ова е прва ваква неформална средба, а се надевам дека составот на оваа платформа постојано ќе се зголемува и проширува со цел вклучување на сите заинтересирани кои сакаат да дадат конкретен придонес во оваа важна тема за сите граѓани, истакна Кордалов пред почетокот на настанот.

За време на средбата произлегоа повеќе иницијативи и предлози за продлабочување институционализација на соработката во следниот период. Соговорниците се согласија дека дигитализацијата е потребно да биде ставена високо на институционалните агенди, како и да се продолжи со ваквите позитивни активности и иницијативи кои носат позитивни промени и вршат позитивен импакт врз општеството.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk