ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Продолжува високата бројка на новозаразени во Албанија, домашни веселби на претек

Во земјата во последното деноноќие направени се 870 тестови, а добиените резултати говорат дека 18 проценти од тестираните се позитивни.

August 25, 2020 17:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени со Ковид-19, на починати, но и на оздравени лица, потврдуваат надлежните.

– Продолжува неповолната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во нашата земја, како во однос на новозаразени така и на починати. Во изминатите 24 часа регистрирани се 154 новозаразени лица, што е константна просечна бројка на новозаразени дневно во овој месец. И понатаму жаришта на болеста се Тирана и Драч, од каде се 94 односно 11 новозаразени, додека останатите се од речиси сите делови на државата, информираше Еугена Томини од Институтот за јавно здравје.

Во земјата во последното деноноќие направени се 870 тестови, а добиените резултати говорат дека 18 проценти од тестираните се позитивни.

– Во исто време болеста ја победија 117 или 4.530 од вкупно заразените 8.759 лица. За жал починаа пет лица или вкупно 259 до сега. Активни на болеста се 3.970, поголемиот процент со полесна форма на болеста. Загрижува трендот на се поголем број на лица на кои им е потребно болничко лекување. Во двете ковид болници се третираат 160 пациенти, од кои 17 се во тешка состојба, рече Томини.

Таа го повтори апелот за строго почитување на препораките, посебно во угостителските објекти и на плажите на крајбрежјето кои се преполни, а мерките речиси никој не ги почитува.

И покрај високите казни кои веќе се изрекуваат а изнесуваат милион леки (околу 8.400 евра) низ угостителските објекти на големо се прават свадби и други домашни веселби, по што редовно се јавува нов кластер на болеста.

Next Post

Уште една победа на хуманоста и човечноста, собрани средства за операција на Слободан Попов – Цобе

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk