Останува забраната за организирање свечености со музика односно свадби, матурски, кршевки и слично во угостителските објекти со цел да се спречи ширењето на Ковид -19.
Ваква одлука денеска донесе Владата, т.е на седница го усвои мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работа на угостителските објекти./МИА/