Советникот Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини кои што се во притвор нудат по десет илјади евра во ќеш како судска гаранција за да им се укине мерката притвор или да им се замени затворскиот со домашен притвор.
Од Охридскиот суд не даваат повеќе детали дали и кога ќе одлучат. туку потенцираат дека станува збор за тековен случај и дека законските рокови ќе бидат испочитувани.
Браќата Усеини се во притвор од вчера кога сами и се предадоа на полицијата после шестдневно бегство. Тие се товарат за насилство врз охриѓанецот Спирко Топаловски.