ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Утре парламентарни избори во Црна Гора

August 29, 2020 17:16
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Утре во Црна Гора ќе се одржат парламентарни избори на кои ќе учествуваат шест коалиции и шест политички партии. Според избирачкиот список што го објави Државната изборна комисија, во Црна Гора право на глас имаат 540.026 граѓани кои ќе изберат 81 член на црногорскиот Парламент. На утрешните избори, единаесетти од воведувањето на повеќепартиски систем во Црна Гора и петти по осамостојувањето од Државната заедница на Србија и Црна Гора, ќе се одржат и локални избори во неколку општини – Котор, Будва, Тиват, Андријевица и Гусиње.

Изборите ќе се одржат во согласност со препораките на Националното координативно тело за инфективни болести, поради епидемијата на коронавирусот.

Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) учествува во коалиција со Либералната партија, а листата наречена „Одлучно за Црна Гора! ДПС – Мило Ѓукановиќ“ ја предводи заменик-претседателот на партијата, Душко Марковиќ.

Водечките опозициски партии се поделени во два табори. Во коалицијата „За иднината на Црна Гора“ се Демократскиот фронт, Социјалистичката народна партија, Работничката партија, Вистинска Црна Гора, Обединета Црна Гора и непартиски личности, а носител на листата е Здравко Кривокапиќ, професор на Машинскиот факултет.

Коалицијата составена од Демократите, Демос, Партијата на пензионери инвалиди, Граѓанското движење Нова левица и Здружението за истражување на политика и политичка теорија на изборите учествуваат под слоганот „Мирот е нашата нација“. Прв на листата е претседателот на демократите, Алекса Бечиќ.

Албанските партии настапуваат одделно – Албанската коалиција, која ја сочинуваат Демократскиот форум, Форца, Граѓанското движење Перспектива и Унијата на Тузи, ќе учествуваат на изборите со листата „Сега е време“, а прв на листата е Ник Ѓељошај. Демократската унија на Албанците, Демократската партија и Демократскиот сојуз во Црна Гора се членови на албанската коалиција „Едногласно“, а носител на листата е Фатмир Ѓека.

Бошњачката партија на изборите учествува под слоганот „Бошњачка партија – правилно – Рафет Хусовиќ“, а прв на листата е пратеникот Ервин Ибрахимовиќ.

За првпат, и Хрватите настапуваат во два табори. Хрватската граѓанска иницијатива ја предаде листата „ХГИ. Со цело срце за Црна Гора!“, на чие чело е претседателот на партијата Адријан Вуксановиќ.

Другата е Хрватската реформска партија, а носител на листата е директорот на аеродромот Тиват, Радован Мариќ.

Социјалдемократите ги предводи претседателот на партијата, Иван Брајовиќ, а нејзиниот слоган е „Социјалдемократи – Иван Брајовиќ – Ние одлучуваме ДОСЛЕДНО“.

Социјалдемократската партија учествува самостојно на изборите под слоганот „Силна Црна Гора“, а листата ја предводи претседателот Драгиња Вуксановиќ Станковиќ.

Коалицијата, собрана околу платформата „Црно на бело“, се состои од Граѓанското движење УРА, Граѓанскиот сојуз ЦИВИС, Бокешкиот форум, Партијата за правда и помирување и независни интелектуалци. Лидерот на ГД УРА, Дритан Абазовиќ, е носител на листата.

Next Post

Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk