ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ве поразија, не сакаат веќе да слушаат за конфликти и поделби, три години програма не видоа од вас

August 29, 2020 23:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Овие избори беа предвреме одржани поради барањето на опозицијата, поради тоа што државата не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ, а претседателот на СДСМ Зоран Заев и тогашен премиер инсистираше да се оди на избори, затоа што е најкоректно и најдемократски, додека за тоа време, опозицијата се радуваше.“ – посочи потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски од собраниската говорница, навраќајќи се на причините за одржување на последните избори.
Тој истакна дека во меѓувреме поради одложување на изборите заради корона кризата, пристигна и членството на НАТО и зеленото светло за почеток на преговорите во ЕУ.

Манчевски посочи дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ изгуби три избори по ред . Како и дека целата реторика и кампања им беше националистичка, без став и со тенденција на враќање на државата наназад кон лаги и омраза, нешто што граѓаните го препознаа и го покажаа и на последните избори преку нивната слободна волја и давањето на својот глас.

Манчевски обраќајќи им се на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница им посочи дека никако да сфатат дека се поразени од граѓаните, дека тие веќе не сакаат да слушаат за конфликти и поделби, како и дека три години програма од ВМРО – ДПМНЕ, граѓаните немаат видено.

Денес имаме членство во НАТО, наскоро и отворање на поглавјата за евроинтеграција, имаме раст на плати, на пензии, бројни мерки и политики, додека ВМРО –ДПМНЕ губи на избори.

Тој истакна дека следните години економијата и правдате се приоритетните области на кои посветено ќе се работи.

30 години чекавме нешто да се случи, државата да се придвижи напред и денес конечно горливите теми се зад нас. Денес, може да зборуваме за многу бројки. Нашето ветување парите назад кај граѓаните се случува. Зарем во време на криза не требаше да понудиме помош на граѓаните, на стопанството, на државата. – рече Манчевски обраќајќи им се на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

За време на ВМРО-ДПМНЕ земјава беше 93 места подолу на листите на Фридом хаус и Репортери без граници.

„Денес, го враќаме рејтингот. Денес луѓето не се плашат што ќе кажат. Граѓаните не сакаат лажни вести, не сакаат да слушаат за поделби, туку сакаат да слушнат за што се залагаме.“ – заврши Манчевски.

Next Post

Заев кон идните министри: Интересите на граѓаните да ги ставите на прво место, нема толеранција за прекршување на законите

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk