Денеска се очекува пратеницитет да го гласат новиот владин кабинет, како и владината програма на која ќе работи премиерот Зоран Заев и 19 министри избрани од редовите на СДСМ, ДУИ, БЕСА и ЛДП.
Според најавите на опозицијата и на вториот ден од седницата која се отвори вчера, се очекува да има дискусии, а со нивно завршување предлогот ќе се стави на гласање.
Вчера од првите моменти на седницата се забележаа тензични дебати меѓу пратениците на мнозинството и опозицијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ преку процедурални интервенции забележаа пак на начинот на отварање на седницата, а потоа следеа и напади и навреди кон победничката партија. “Криминалци, мафијаши, рекеташи”, беа меѓу арсеналот на македонската опозиција а жешки полемики имаа и со Претседателот на Собранието Талат Џафери. Од ВМРО-ДПМНЕ повеќе се задржаа на работата на досегашната власт, а помалку имаше содржински забелешки за новата владина програма, а најавија и протести за на есен.
Од друга страна, мандатарот за формирање на Владата, Зоран Заев, во неговото експозе пред Собранието ја претстави Владината програма посочувајќи ги приоритетите и главните столбови: справување со пандемијата, економски развој, правда и правна држава, како и интеграцискиот процес.
Заев реча дека инвестицијата во здравствениот систем беше последните три години и ке остане и понатаму во фокусот на владата, со цел поуспешно справување со пандемијата особено кога се очекува сериозен предизвик есента. Заедно со здравствениот предизвик, мандатарот најави и нов план и нови мерки и за успешно справување со економските последици од пандемијата, а наредниот период рече тој, фокусот ќе биде во развојот на економијата. Новата влада сака пред се да се зачуват работните места и да им се помага на компаниите да се соочат со последиците, а за време на четиригодишниот мандат Заев најави и намалување на невработеноста како раст на платите. Минималната плата се предвидува да расте за дополнителни 20-30%, а најновите податоци докажуват раст и во странските инвестиции.
Борбата против криминалот и корупцијата како и реформи и прочистување во правосудниот систем ќе бидат вториот најважен столб на кој ќе работи новата Влада. Идниот премиер кој се очекува да се бира денеска, Зоран Заев, најави проверка на имотната состојба и неговото потекло за сите функционери, судии и обвинители. Во правосудниот систем рече тој ќе се чешла работата на главните актери, а сите оние кои намерно придонеле до застарување на предмети преку одржување на фиоки ќе бидат веднаш разрешени.
Претседателот на СДСМ и кандидат за претседател на новата Влада исто како важна стратешка цел ја потенцира и интеграцијата во ЕУ. Тој потсети дека за време на пандемиска криза земјата стана членка на НАТО, и затоа рече дека можеме и во ЕУ, најавувајќи наскоро отварање на преговори и запичнување на системски реформи. Меѓу другото Заев ја повика и опозицијата да покаже државнички способности и да се вклучува во важните процеси за иднината на земјата и општеството преку конструктивно однесување.
Владините функционери и раководителите на институциите добија јасна порака од мандатарот, дека доколку не се покажат успешни и во служба на граѓаните, ќе бидат брзо разрешени. За поефикасна и професионална администрација, тој најави скратување на бројот на вработените за 20% преку предвремено пензионирање, префрлување на приватниот сектор и слични начини, а од раководителите ќе се бара поголема одговорност.
А. Зеќири