Големо намалување на бројот на новозаразени со Ковид-19 е регистрирано вчера кога по подолго време имаше само 11 нови случаи од направени 450 тестирања. Иако бројот на тестирања е помал, може да се забележи дека е релативно низок процентот на позитивни лица од тестирањето, односно оти тој е помал од три отсто. Помал број заболени беше регистриран и завчера, кога имаше 39 заболени од 817 тестирања.
Институтот за јавно здравје вчера регистрира 95 оздравени пациент и тоа најголем дел во Скопје-44, потоа во Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-11, Кичево-1 и во Неготино-1.
Починати се три лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет позитивни деца, три мајки и три деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се три нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е еден пациент. Во другите болници во земјава се хоспитализирани вкупно 181 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.