ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Обраќање на ПВРСМ Зоран Заев при врачувањето на мандатните писма до сите министри во Владата (ВИДЕО)

September 3, 2020 18:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денес во свечената сала на Владата им ги врачи мандатните писма на новите министри и им посака успешни мандати, повикувајќи ги секогаш да го слушаат гласот на народот и да им служат на граѓаните.

 

Денешната седница, би сакал да ја започнам со еден посебен свечен чин на доделување на вашите мандатни писма. На парламентарните избори кои се одржаа пред месец и половина, граѓаните на Република Северна Македонија избраа да продолжиме да ја движиме државата напред. Ни го дадоа нивниот глас и доверба, и ние сме обврзани во четиригодишниот мандат, да им обезбедиме уште поквалитетен живот, каков што би сакале за себе и своите најблиски.

Ние, почитувани колеги, имаме обврска да ги исполниме очекувањата на сите граѓани, а овие мандатни писма се еден доказ, нешто што постојано ќе нѐ потсетува на она на кое сме се обврзале. Гласот на секој граѓанин е глас за одбрана од коронавирусот КОВИД-19 и за успешно справување со здравствено-економската криза, глас за новата македонска економија, за нови и добро платени работни места, за правна и праведна држава, за чиста и здрава животна средина, за функционална инфраструктура, за ефикасно поврзување дома и со светот, за силна национална култура по угледот на европската и за образование, кое младите генерации ги подготвува за подобра сегашност и подобра иднина.

Како министри и министерки, слушајте го гласот на граѓанинот како прецизна насока која доаѓа од највисоко ниво и од која нема отстапување. Mора да им служиме на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, раса, боја на кожа, потекло, припадност на маргинализирана група, јазик, социјално потекло, образование, религија, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус. Очекувам, дека во извршувањето на вашите должности и во остварувањето на Програмата за работа на Владата во наредните четири години ќе се вклучите без задршка и со целосна професионална посветеност.

Имаме свечена и суштинска обврска, агендата за која се обврзавме пред граѓаните да ја остваруваме со максимален вложен напор, преку ефективно извршување со најдобри можни резултати, без компромиси и оправдувања, бидејќи пред јавноста сме искрени и ќе ги ставиме на располагање сите механизми за да ја следи нашата работа. Јас како претседател на Владата, ќе ја унапредам структурата на мојот кабинет, со цел да бидам уште поотворен премиер и да обезбедам постојана двонасочна комуникација со сите граѓани и заедници на кои им е потребна помош од мене лично и моите служби. Но, и за да можам да ги примам и разберам сите идеи и иницијативи од оние на кои им служиме, според нивните потреби. Ве задолжувам и Вас на редовна и отворена комуникација со сите граѓани и засегнати страни во општеството преку унапредување на каналите за респонзивност, вклученост и учество.

Овие принципи важат и за вашиот однос кон медиумите, кои се нашиот канал за комуникација со граѓаните. Оваа Влада е мала, но секој од нас ќе се посвети на успешно и ефикасно работење: -справување со светската пандемија со коронавирусот и надминување на здравствено – економската криза, ќе даде нова енергија во создавањето на подинамичен економски раст, одржлив развој, силни институции кои почитуваат ред и владеење на правото, ќе обезбеди услови за помодерно, европско образование, ќе остане активна членка во НАТО и со силна волја ќе продолжи во напорите за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавјето за членство во Европската унија.

Сето ова ќе го оствариме заеднички, но, секој од нас ќе даде свој придонес во областа за која е избран. Сакам да ја искористам приликата, свечено, но и обврзувачки да ви ги доделам мандатните писма, во кои номинирајќи Ве како министри очекувам од вас одговорно и посветено извршување на должностите и очекувам резултати, за чие остварување постојано ќе се проверуваме, и ние, а ќе не проверуваат и граѓаните. Да не заборавиме дека сме менливи, и таа менливост да ни биде мисла водилка да им служиме подобро, поефикасно на граѓаните. Затоа што граѓаните имаат очекувања, а вие сте на оваа позиција за да направите сѐ што е потребно за оваа Влада да ги исполни очекувањата.

До мене е првиот мој заменик, г-нот Груби, министер за политички систем. Нему и на останатите потпретседатели ќе им ги врачам мандатните писма.

Ви посакувам среќа, здравје и успешна работа. Соработувајте со сите вработени и искористите ги сите потенцијали во јавната администрација. Во целото ваше делување бидете им пример на тие со кои работите и на граѓаните за кои работите. Придржувајте се до Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и ширете ги етичките вредности.

Вложете максимални напори, на крајот на нашиот мандат во 2024 година, како резултат на позитивните промени кои ќе ги направиме, Северна Македонија да биде земја во која граѓаните сакаат да живеат и да придонесуваат за нејзино постојано унапредување. Тоа граѓаните го очекуваат од нас. Благодарам и посакувам продуктивна и позитивна работна атмосфера за овој тим кој ќе сработи големи успеси, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање пред министрите на новата Влада.

Д. Е.

Next Post

Артан Груби нема сестра, туку двајца браќа, а осомничениот е пронајден!

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk