„Херои на македонскиот народ се здравствените работници. Тие се многу посветени и лојални. Мислам дека се одлични во својата работа. Со мене беа многу добри и полни со разбирање. Не заборавајте дека вирусот е сѐ уште присутен. Лесно е да се опуштиме и да заборавиме. Едноставно е. Мијте ги рацете, одржувајте физичка дистанца и секогаш носете средство за дезинфекција со вас“, вели медицинскиот техничар Ханс Јорген Михаел Селберг, кој еден месец помагаше во Инфективната клиника, а објави министрот за здравство Венко Филипче на своите профили на социјалните мрежи.