ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ за 360 степени: Сомнежите во пресудите се мотив за прочистување на судството

September 5, 2020 22:46
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Една пресуда повторно го стави македонското судство на нишан на јавноста. Условната казна за обвинет во случај за сообраќајка во која загина 32-годишен маж, а бремена жена заврши со тешки повреди и го загуби плодот, покрена лавина негативни реакции и сомнежи, стои во текст на 360 степени.

Меѓу институциите од кои „360 степени“ побара став за случајот е и Министерството за правда. Новиот министер, Бојан Маричиќ, доцна попладнево одговори дека иако извршната не се меша во судската власт критиките од граѓаните ги гледа како причина за прочистување на судството.

Без да ја коментирам пресудата, за да нема мешање на извршната во судската власт, можам да кажам дека тоа што граѓаните се сомневаат во дел од пресудите е најсилниот мотив за прочистување на судството кое ќе биде спроведено во нашиот мандат, заедно со иницијатива за проверка на случаите каде има непостапување или лошо постапување на надлежните. Само така може да се врати довербата во судството и правниот систем,вели Маричиќ за „360 степени“.

Министерот ја поздравува и најавата од првиот човек на Основниот кривичен суд – Скопје, дека ќе го коментира случајот во понеделник. Маричиќ вели дека добро е што судството ги слуша критиките.

Добро е што самото судство покажува интерес да ги решава прашањата за кои јавноста ги прозива и тоа што претседателот на Кривичниот суд најавил коментар во однос на целиот настан, а повисоките судови ќе имаат можност да се изнесат во натамошната постапка. Судскиот совет пак ја има задачата да ја следи и оценува работата на секој судија“, порачува Маричиќ.

Овој случај, според најавите, набргу ќе се најде токму пред Судскиот совет. Пресудата беше донесе вчера во Основниот кривичен суд, а Наташа Димитриевска, жената која го загуби сопругот и плодот во неа во сообраќајката, во разговор со нашата редакција најави дека ќе поднесе претставка до ова тело за работата на судијката Елена Илиевска Јосифовиќ која го водеше предметот.

Висината на казната, но и тоа што судијката не им дозволила како оштетени да присуствуваат на рочиштето кога обвинетиот признал вина, се аргументите со кои таа ќе настапи пред Судскиот совет. Правна битка ќе биде и пред Советот на јавни обвинители, каде ќе се жали и за работата на предметниот обвинител.

Додека семејството јавно го искажува револтот од исходот на судскиот процес пред првостепениот суд, и од Кривичен и од обвинителството во Скопје, засега се со воздржани во коментарите.

Претседателот на судот, Иван Џолев, во изјава за „360 степени“ денеска рече дека се интересира за случајот откако дознал ги видел реакциите од јавноста и најави дека од понеделник ќе побара повеќе информации за да излезе со став или коментар.

Од ОЈО Скопје не одговорија на прашањето дали ќе се жалат на ваквата пресуда потенцирајќи дека прво ќе сочекаат да ја добијат пресудата на писмено и да одлучат.

Со пресудата на условна казна од две години беше осуден тетовскиот бизнисмен Васил Чорбаџиев, кој призна вина. Тој беше обвинет дека со џип, поминувајќи преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов кај Млечниот ресторан во Скопје, удрил во моторот на кои се возеле Наташа Димитриевска и нејзиниот сопруг Гоце.

Next Post

Сончево со слаб јужен ветер

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk