ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Прилепските училишта се изјаснуваат за видот на наставата од 1 октомври

September 7, 2020 16:28
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепските училишта ги подготвуваат ставовите, според условите, како да се одвива наставата од први октомври и колку се подготвени. Ставовите ќе бидат испратени до Министерството за образование до 10 септември. Преку 80 насто од учениците и родителите во 10-те основни и во петте средни прилепски училишта се за настава со физичко присуство, покажуваат анкетите и анализите за почетокот на учебната година. Засега се знае само дека од преку 10 300 основци и средношколци, 2 300 од прво до трето и средношколците со практична настава, ќе учат со физичко присуство.

Според Каролина Николоска, советник за образование во локалната самопуправа, има услови и според пртоколите да се одвива настава со физичко присуство.

-Досега, преку 80 насто од родителите сакаат и учениците од другите одделенија да имаат настава со физичко присуство. Тие барања ќе ги доставиме до министерството за образование. Овие барања се издржани зашто училиштата ги исполнуваат условите и со добра организација, според планот и протоколите, се вложуваат максимални напори да може да се изведува настава и со физичко присуство. Но се зависи од одлуката на Комисијата и на Министерството за образование. Во училиштата се оди на тоа учениците да бидат поделени во две смени. Со добра организација може да има настава со физичко присуство, вели Николоска.

Сите училишта ги анкетираа родителите и учениците и секое училиште има аргументирано барање. Веле Ѓорѓиојоски, директор на прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ со околу 730 ученици, го пренесува ставот- освен учениците од прво до трето, настава со физичко присуство да имаат и шестоодделенците.

– Анкетата на родителите и на учениците е при крај. 90 насто од родителите се изјаснија за физичко присуство на наставата. Училиштето ќе биде подготвено да ја изведува наставата со физичко присуство за учениците од прво до трето и правиме напори за учениците од 6 одделение да имаат настава со физичко присуство, зашто тоа им е прв контаакт со наставниците по нова програма. Друите ученици, од 4,5, 7,8 и 9-то да имаат настава од далечина. Работиме паралелно со двата случаи на настава, паралелно го уредуваме училиштетото. Ќе чекаме како ќе ни одобрат за изведувањето на наставата. Инаку, од прво до трето одделение се 314 ученици, а 90-ина во шестто одделение. Во подрачното училиште во прилепското село Радобил  ќе има настава со физичко присуство зашто таму се мал број ученици. Се подготвуваме за „он-лајн“ наставата и чекаме на Министерството за образование. Екипа од 7 наставници се на обука за он-лајн настават, објаснува Ѓорѓијоски.

Диме Настески, директор на гимназијата „Мирче Ацев“ со 860 ученици вели дека гимназијата е став настава со физичко присуство да имаат учениците од прва година. Станува збор за 230 ученици. Другите со настава на далечина. Подготвени се за „он-лајн наставата“.

-Како Гимназија сме на став да ни се дозволи учениците од прва година да имаат настава со физичко присуство. За таа цел направивме анкета помеѓу учениците и родителите. Резултатите се сумираат, но првичните покажуваат дека преку 85 насто од учениците и родителите се за настава со присуство. Подготвуваме план кој треба да помине на Наставнички совет, на Советот на родители и на Училишен одбор. На 9 септември ќе го доставиме до прилепската локална самоуправа, а оттаму до Министерството за образование. Правиме сѐ да бидеме технички подготвени, да може да ги почитуваме сите барања од протоколот за да може со учениците од прва година да изведуваме настава со присуство. Планираме тоа да трае еден месец, а потоа, во зависност од ситуацијата со Ковид-19, ќе се знае дали ќе продолжиме со физичко присуство или ќе се префрлиме на настава од далечина, како со учениците од втора, трета и од четврта година. Во однос на „он-лајн“ наставата, настојуваме да ги завршиме сите технички подготовки. Покрај тоа што се подготвува националната платформа која оваа недела дефинитивно треба да биде усвоена, ние зедовме и наша платформа, исто од Мајкрософт. За тоа, извршена е интерна обука на професорите. Има разговори за набавка на нови, посовремени компјутери, вели Настески.

Прилепските училишта ќе го чекаат конечниот став на Министерството за образование.

Next Post

Рускиот опозиционер Навални разбуден од вештачка кома

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk