ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Мора да се врати довербата во судството

Немаме право и не можеме веќе да преговараме дали ќе се почитува законот или не. Клучната борба во овој период ќе биде борба за владеење на правото и Владата во тоа ќе биде бескомпромисна, посочи Маричиќ.

September 8, 2020 07:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Има и мора да се најде начин да се сменат практиките и да се врати довербата во судството кај нас и да се покаже дека навистина може да биде независно, порача вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Токму размислувањата на граѓаните дека законот не важи еднакво за сите, се наша најголема мотивација за да се сменат пректиките. Сметаме дека неколкуте клучни чекори и мерки кои ги предвидовме во Програмата на Владата и насоките кои ги добиваме од премиерот во мандатните писма се пат кој може да го отвори овој процес, рече Маричиќ во Тема на денот на ТВ Сител.

Нагласи дека тоа подразбира отворање на прашањето на прочистување и утврдување на потекло на имот на судиите преку Државната комисија за спречување на корупцијата, процес кој делумно е започнат, анализа на некои случаи во кои има еклатантни грешки и намерно задоцнување или, пак, од небрежност и потоа нивно застарување, но и проверка на случаите каде има непрофесионален однос или очигледно влијание.

-Нашата цел не е да го замениме судството или да ги споиме извршната и судската власт, но сметаме дека е должност на Владата во име на граѓаните да бара поотчетно, поодговорно и поефикасно судство, рече Маричиќ.

Според него, Специјалното јавно обвинителство (СЈО)  како институција го отвори процесот на отчетност и одговорност на правосудството иако тоа што се случи таму, потенцира, ги поткопа очекувањата на граѓаните и затоа сега, како што рече, и Обвинителството и Судството се должни да ја вратат довербата кај граѓаните.

-Немаме право и не можеме веќе да преговараме дали ќе се почитува законот или не. Клучната борба во овој период ќе биде борба за владеење на правото и Владата во тоа ќе биде бескомпромисна, посочи Маричиќ.
Тој потенцира дека веќе има конкретна агенда за промена на некои законски решенија во делот на правдата за што, како што рече, е обезбедена и поддршка од Европската Унија.
Next Post

Се договараат кадрите за заменици-министри и собраниски комисии

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk