Фејсбук пост на Владимир Кочовски, командир на противпожарната единица Скопје.
Да. Бев на пожарот сабајле. Од технички аспект релативно лесен за гасење. Топлината поднослива. Можеби највеќе 250 – 300 степени. Голем број на стаклени површини, прозори, кои од кога ги отворивме или скршивме овозможија вентилација и пад на температурата.
Пожарот е почнат многу порано пред дојавата која ја примивме во 6.50. На тоа укажува фактот дека прозорите испукале од топлина на која ѝ требало време да се развие. Надворешниот стаклен ѕид е од дебело стакло кое тешко се крши дури и со удар со метален предмет. За тоа кога точно почнал пожарот има служби кои ќе кажат. Јас можам да нагаѓам. Може е 3-4 часа пред да дојдеме или порано. Не знам. Тоа не е мој дел од работата. Сето друго тешко.
Пристапен пат за возилата нема. Тие што ги граделе тие објекти до кејот, спомениците и сите други препреки, сигурно не ни помислиле дека некогаш ќе се случи ова. ЕВН не може да исклучи струја повеќе од еден час затоа што никој не знае каде е некој трансформатор или не знам што?! Со тоа бевме ставени во директна и непосредна опасност.
Јас, не знаејќи дека струјата не е исклучена прскав онаму каде што ќе видев оган. Така прскав и во запалените кабли што предизвика серија експлозии. Ете ваљда не бил тој ден, па струјата не ми врати. Не удри во мене преку млазот вода. Просториите внатре во објектот лавиринт. Шкафови во ходници. Тешко за ориентација и во нормални услови. При концентрација на толку чад колку што имаше многу тешко за да се лоцира пожарот. Не знам дали имале стабилни јавувачи за пожар?! Не знам дали имало физичко обезбедување?! Со овие луѓе кои ги имаме на располагање. Со овие возила кои се постари од 35 години.
Работата одлично, бргу и ефикасно завршена. Еден шофер доаѓаше со камион. Потоа се враќаше со лека кола за да донесе друг камион. Смешно нели? Внатре работев од инает. Со мисла дека правам нешто добро. Јас потрошив три апарати со компримиран воздух, четвртиот до пола. Тоа прво значи дека сум работел за најмалку тројца. А второ. Апаратот ја забрзува работата на срцето за десет пати. А јас имам 51 година. Барем така викаат у матично.
Туку друго ми беше муабетот Добро бе. Зарем не сме заслужиле да бидеме во групата која оди во пензија со еден услов. Остварен 40 години стаж?! Нешто што го имавме па ни го одземаа. Зошто за другите важи за нас не?! Не сме доволно добри?! Не сме доволно гласни?! Па Tанец има бенифицираn стаж поише од пожарникарите. Војската доби. Полицијата доби. Рударите добија. Само ние не. Вака како што одиме сега во пензија, се случува таа пензија, пензионерот да не ја користи повеќе од година – две. Ретко кој пензионер не е умрен или боледува од некое професионално заболување.
Затоа што работиме за тројца (во минатиот пост објаснив со што се се соочуваме. (Кого не го мрзи нека прочита) ДАЛИ СМЕ ЗАСЛУЖИЛЕ ДА БИДЕМЕ ВАКА ТРЕТИРАНИ?! Големиве букви не ми се од нервоза. Туку од разочараност. Знам дека поштено ја работам најопасната работа на свет. На секоја интервенција даваме се од себе. А тоа не само што не се вреднува, валоризира, со добра плата. Туку ниту тоа што ни следува по закон ни се одзима. Немојте…доста беше…стварно е…па ај да кажеме: НЕ Е ФЕР
ПС. Заборавив да кажам дека пожарот учествуваа и пожарникари со опарација на срце и стентови.
Фејсбук пост на Владимир Кочовски.