ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Старатели можат да отворат сметка во друга банка за немоќни лица кои претходно имале во „Еуростандард банка“

September 9, 2020 14:03
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, (корисници на надомест за помош и нега од друго лице, надомест заради попреченост, стари и немоќни лица кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси), а имале трансакциска сметка во „Еуростандард Банка“ АД Скопје, информираат од Министерството за труд и социјална политика. За овие лица, кои во рокот не биле во можност да отворат сметка во нова банка, ќе има нови датуми за исплата.

За отварање нова трансакциска сметка во друга банка, близок сродник или лице кое се грижи за корисникот може да поднесе барање за назначување на старател за посебен случај до центарот за социјална работа. Кон барањето се треба да бидат доставени и копија на Извод од матична книга на родените, за корисникот, копија на Извод од матична книга на родените, за лицето кое се назначува за старател за посебен случај, лични карти на увид (за корисникот и лицето кое се поставува за старател за посебен случај), медицинска документација за корисникот, како и лекарска потврда за психофизичка состојба од матичен лекар за лицето кое се назначува за старател за посебен случај.

Доколку подносителот на барањето нема копија од Извод од матична книга на родените и медицинска документација за корисникот, нив центарот за социјална работа ги обезбедува од досието на корисникот за оствареното право.

Од Министерството информираат дека ќе има дополнителна исплата на паричните права од социјална и детска заштита, за корисниците кои беа клиенти на Еуростандард банка, а кои во дадениот рок 25 август не успеале да отворат нова трансакциска сметка во друга банка или да поврзат постоечка трансакциска сметка во друга банка заради исплата на паричните права, која се реализира овие денови.

На координативниот состанок со банките, МФ и НБРМ било договорено исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година, да се врши и во дополнителни датуми на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година.

Next Post

Од 30 до 39 години и над 60 години имаат најголем број од новозаболените од Ковид-19 минатата недала

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk