Вечерва во 20:15 минути на Националниот телевизиски сервис, премиерот Зоран Заев ќе го има своето прво официјално интервју од реизборот за претседател на Владата. Ова е, исто така, еден нов и поинаков формат на интервјуирање, каде Заев ќе биде интервјуиран од повеќе уредници на медиуми во државата.
Во кратка објава на Фејбук, премиерот го најави интервјуто.
Вечерва со почеток во 20:15 часот, следете го во живо интервјуто за Националниот телевизиски сервис со уредници од повеќе медиуми, напиша Заев.
Д. Е.