Позитивна на вирусот Ковид-19 е вработена во светиниколска градинка, но поради тоа што имала симптоми градинката во средата воопшто не била отворена.
Според протоколите на комисијата на заразни болести, внатрешноста на градинките мора да се дезинфекцира на секои два часа. Засега нема информација за заразаено дете во првите три дена по отоврањето на градинките, но доколку се појави, тоа веднаш ќе биде изолирано.
Досега се пријавени два случаи на ковид позитивни вработени во градинки, една во Битола, каде 5 деца и 5 вработени се во изолација, и една во скопската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“.