Според последните податоци на Министерството за здравство, во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, а додека пак седум деца и седум мајки се суспектни на вирусот.
Во болничките капацитети во земјава се лекуваат вкупно 322 пациенти кои се позитивни на ковид-19.
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се вкупно 26 пациенти, од кои двајца на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип 45 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 827, бројката на оздравени пациенти е 13 315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 860.