Новата Влада ќе работи на редефинирање на кодексот за етичко однесување на членови на Владата и функционерите именувани од Владата, изјави на денешната прес-конференција вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
– Во имплементација на овој кодекс ќе важи максимата „нулта толеранција за корупција, нулта толеранција за министрите, директорите, раководители и за целата јавна администрација“. Секој што ќе се огреши пред законот, ќе мора да сноси одговорност. Мора да има ред, еднаш засекогаш во институциите. Мора да ја вратиме довербата на младите и граѓаните во финкционирање на системот за да ја градат својата иднина тука, изјави Николовски.
Ќе се работи, рече Николовски, на развивање на системска алатка за следење на парите и капиталот на функционерите и граѓаните, за да може да се превенира незаконско зголемување на имотот за време на остварување на јавна должност.
Ј. Ѓ.