ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Економската состојба е сериозна, но финансиите се стабилни и може да се најде решение

September 16, 2020 13:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Економската состојба во земјава е сериозна поради импактот на коронавирусот и епидемиолошката криза на светско ниво, но финансиите се стабилни и може да се најде решение со добро планирање на четвртиот пакет на мерки за да се ублажи  ефектот на кризата во третиот и четвртиот квартал од годинава и земјава да влезе во период на позабрзан економски раст во 2021 година доколку нема нов бран на епидемиолошка криза, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Апелираше во идниот период добро да се планира и ефикасно да се реализира тоа што се планира.

-Ова е една од најголемите економски кризи на светско ниво,  дури неколкукратно поголема од глобалната финансиска криза од 2007 до 2009 година. Со актуелниот ребаланс се намалија приходите во Буџетот на 11,5 проценти, а вториот  квартал бележи пад од 12,7 проценти на БДП што се ефектуираат во досегашното планирање. Ние гледаме Буџетот да биде стабилен и предвидлив за стопанствениците со навремена испорака на фискалните обврски од страна на државата, рече Бесими во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Како Влада, посочи, работиме на четвртиот сет на мерки и најдоцна до крајот на месецот ќе имаме предлог мерки кои ќе зависат од висината на чинење на пакетот на мерки, а средствата ќе се обезбедат најпрво со репрограмирање.

-Ќе одиме со репрограмирање на средства од проектите за кои со голема веројатност се знае дека нема да се реализираат до крајот на годината со цел да има ефикасно и оптимално алоцирани средства што се планираат. Соодветно од големината на пакетот ќе видиме колку ќе влијае на јавниот долг за кој имаме јасно дефинирана позиција да биде во рамките на стабилно финансирање на нашата економија, рече Бесими и додаде дека доколку се носи одлука за ребаланс тоа ќе биде до крајот на месецот.

Прецизира дека во рамките на постојниот  Буџет со планираните приходи и расходи се предвидува до крајот на годината да нема јавен долг над 60 проценти од БДП.

-Сега подготвуваме четврти сет  мерки и за да најдеме доволно средства  за негово финасирање ќе гледаме каде има можност за репрограмирање во постојниот Буџет од проекти за кои знаеме дека нема можност да се реализираат до крајот на годината. Доколку тоа не е доволно за реализација на целиот пакет во Буџетот и во рамките на сегашното планирање има простор за дополнителни задолжувања од 60 милиони евра на домашен пазар што нема да предизвикаат зголемување на буџетскиот  дефицит. Но, за тоа јавноста ќе биде информирана откако ќе се се дефинира сетот на мерки, потенцира Бесими.

Како што истакна приходите и расходите се реализираат во рамки на планираното. Заклучно со 15 септември реализација на расходната страна во Буџетот е 68,9 отсто и 65,5 проценти на приходната страна, а реализацијата на капиталните инвестиции е 41,2.

-Во наредниот период ќе настојуваме приходната и расходната страна да генерира стабилно финансирање на Буџетот. Една од причините за ваквата состојба на Буџетот е што се случи коронакризата, имавме техничка влада и вонредна ситуација во која голем дел од проектите или не почнаа да се реализираат или имаше  застој. Низ целиот свет имаше административна забрана се затворија многу економски активности така се случи и кај нас. Тоа е еден дел од објаснувањето за општата ситуација гледано од тој аспект приходите сега, за сега се реализираат во рамките  на тоа што е планирано во проекциите, посочи Бесими.

Минатиот месец, додаде, имавме за 17,1 отсто помалку приходи кај даночните приходи или за 13,9 отсто помалку од август минатата година. Во јули состојбата беше подобра.

-Гледаме што тоа значи на макро и микро ниво. Ние сме мала економија и тоа може да значи дека една поголема компанија имала застој во работењето или ремонт и реновирање и тоа да влијае за тој месец на даночнат активност. Во наредниот период сите институции треба да имаат добро планирање и добра реализација на тоа што е планирано, бидејќи планирани пари во Буџетот се со закон резервирани средства и право да се користат за прокетите кои ги одобрило Собранието во име на граѓаните, нагласи Бесими.

Next Post

Апасиев онлајн и Апасиев офлајн

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk