Откако претседателот на Левица Димитар Апасиев пред ОЈО истакна дека добивал закани кон него и неговото семејство, на социјалните мрежи не стивнуваат сатиричните коментари и фотомонтажи кои алудираат на дволичното однесување на Апасиев кога тој пишува на Фејсбук и Твитер и кога зборува пред камера.
Апасиев денеска бил повикан во Основното јавно обвинителство по три кривични пријави против него, под сомнеж за сторено кривично дело „ширење на расна, верска и етничка омраза и нетрпеливост“. Пријавители се Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права, а едно известување за сторено наводно кривично дело од страна на МВР, се однесува на два фејсбук статуса и еден статус на Твитер
Апасиев, тврди дека добива закани кон него и кон неговото семејство, откако ги напишал статусите на својот фејсбук-профил.
Ј. Ѓ.