Талат Џафери, претседателот на Собранието, околу бројката на негови заменици во Парламентот, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека ако тој се прашува, нему не му треба ниту еден.
„Текот на седницата е моја работа. Јас контролирам, јас одлучувам кога ќе прекинам. Мене не ми треба заменик ако јас се прашувам. Уставот вели дека може да има минимум еден, а Уставот не е акт што се менува секој ден“, рече Џафери.