ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј во посета на Прилеп

September 17, 2020 14:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Преку средба во прилепската локална самоуправа и отворање теми од сите сфери на живеењето во градот, а потоа со посебни средби со повеќе заедници, британската амбасадорка Рејчел Галовеј ја почна дводневната посета на Прилеп.

Отворајќи повеќе теми и најавувајќи средби, амбасадорката Галовеј изјави дека впечатливо е што посебно се обрнува вниманите на ранливите категории граѓани и лицата со посебни потреби каде е можна идна соработка.

-Многу ми е драго што можевме да разговараме за работата на општината, за тоа како се справува со моменталната ситуација со Ковид-19. Многу ми е драго и воодушевена сум што општината работи со најранливите категории граѓани и се надевам на идна соработка со градоначалникот и со општината на овие важни теми. Ќе ја искористам оваа дводневна посета на Прилеп да се видам со претставници на локалните бизниси и некои бизниси кои имаат и британски сопственици, со советници на општината, невладини организации, со парламентарни претставници, изјави амбасадорката Галовеј.

Амбасадорката Галовеј ќе го посети ОУ „Блаже Конески“ каде се спроведуваше проект „Училишта на 21 век“ поддржан под Британскиот совет во земјава.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, престојот на амбасадорката Галовеј е од големо значење, а градот ги нагласи повеќето активности овој период во услови на пандемијата, како и грижата за лицата со посебни потреби.

-Посебно разговараме за најранливите категории граѓани, лицата со посебни потреби, особено што го отворивме Дневниот центар за деца со церебрална парализа, а ги проширивме просториите за Дневниот центар за лицата со посебни потреби преку здружението „Порака“. Инаку, во овој момент е јавната набавка за пристапни рампи до сите училишта за лицата со посебни потреби. Како позитивен пример е дека при реновирањето на булеварот се поставени„тактилни плочи“, ретки во државава. Посебно за да се споменат се општествено одговорните компании кои направија 120 000 заштитни маски и повеќе од 1000 визири. Ќе ја претставиме работата на советниците во општинскиот совет и каков е односот на оние од позицијата со опозицијата, изјави Јованоски.

Денеска напладне во салата на општинското собрание, Британската амбасада  пред заинтересираните прилепчани ги презентираше  Чивнинг стипендиите кои се поддржани од Британската влада. Стипендиите се отворени за сите македонски граѓани кои се заинтересирани да студираат едногодишни постдипломски студии на кој било универзитет во Велика Британија.

Амбасадорката Галовеј денеска ќе има средба со новинарите во Прилеп, а утре ќе го посети манастирот Трескавец.

Next Post

Измените на законите за основно и за средно образование по скратена постапка пред пратениците

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk