ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Германската амбасадорка за меморандумот на Бугарија: Билатералните проблеми да се решаваат билатерално

September 18, 2020 17:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн во врска со документот на источниот сосед, а пред најавената прва меѓувладина конференција порача дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира овој процес.

– Бугарија ги кажа тие барања на останатите земји членки на почетокот на август. Наше мислење, а според мои сознанија и мислење на други земји членки, е дека билатерлани односи не треба да се ставаат во преговарачка рамка. Билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија отсекогаш била голем поддржувач на европските интеграции на регионот чиј дел е, секако, и Северна Македонија. Од суштинско знаење за Бугарија е да не се блокира процесот на проширување на Унијата во овој регион“, порача амбасадорката Холштајн во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Прочитајте и…  Здруженијата во Хрватска предупредуваат: Во болниците недостасуваат 4.500 медицински сестри и техничари

Таа, истовремено, изрази надеж дека членките на Унијата ќе постигнат договор за преговарачката рамка и оти меѓувладината седница, што е заедничка цел и на Германија и на Северна Македонија, ќе се одржи во декември.

– Одржувањето на првата меѓуврадина конференција, како официјален почеток на преговорите за проширување на Унијата со Северна Македонија е наша голема цел. Во рамки на Унијата треба да се договориме за преговарачката рамка што во моментот е предмет на расправа во Брисел. Кога ќе има договор за неа, може да има и датум за првата меѓувладина конференција што се надевам дека ќе се реализира во декември“, додаде Холштајн.

Бугарија во меморандумот потенцира дека главните отворени прашања со Северна Македонија се однесуваат на јазикот, на заедничката историја и на малцинските прашања и нагласува за наводна „државна антибугарска идеологија“. Притоа официјална Софија ги повика властите во Скопје да „раскинат со идеолошкото наследство од комунистичка Југославија“, што според Бугарија било причина за „етничкиот инженеринг“ во Северна Македонија.

Next Post

Холандија повторно има рекорден број новозаразени

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk