Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски за Слободен печат најави детална анализа на сите трошоци, унифицирање на правилата, и ограничување на луксузот на владините функционери и директорите на јавните претпријатија.
„Ако можам јас да не користам службена картичка, ќе можат и другите. Јас три години ги донирам сите дневници кои ги добивам, а од друга страна разно разни членови на комисии добиваат големи хонорари“, рече Николовски.
На прашањето на Слободен печат зошто додека рестораните во Клубот на пратеници, во Собранието, во Владата и во Домот на АРМ стојат празни, гостите од странство, се носат во луксузни ресторани, а сметката на крајот ја плаќаат граѓаните, Николовски рече дека во иднина многу почесто ќе се користат објектите кои се под надлежност на службата за општи и заеднички работи.Вицепремиерот зборуваше и за платите на директорите на јавните претпријатија.
„Постојат Јавни претпријатија во државата кои служат само за вработувања и трошење на пари. Има директори на јавни претпријатија кои земаат повосоки плати од премиерот. Ние тоа ќе го истражуваме“, рече Николовски.
Извор: Слободен печат