пишува: РИБАРО
– Ајде аирлијa, им киднала Гоца, јавуваат портали. – велат куп френдови од соц. мрежи.
– Сè испозапустија, неспособни. Вчера на улицата кај што живеела сè живо претсресувале – коли, гепеци, хаос праела полицијата, као ѓоа ја барале, а ја пуштија да кидне намерно. А бе ти велам јас неспособни се, уствари договорена работа е тоа одамна се знаеше уште кога им побегна Грујо дека сите ќе ги пуштат.
Не бе друже, грешка си, не е така, само муабети за кликови од рекетарски порталчиња се тоа, му велам. Гоца не е побегната, си била дома, ете и се јави на Фејсбук, прати фотка со Гугл локација. Сериозни портали побарале изјава од МВР, а тие покрај тоа што кажале дека за да ја спроведат во затвор треба да добијат судска наредба, потврдиле и дека наводното бегство на Јанкулоска е шпекулација. Значи серизни портали се тоа друже, не шпекуланти новинарски шалабајзери.
– Шо бе не им побегнала, аматери! Многу на тоа Гугл му веруваш. Добро, и да е така, да не е за брао сеа ова?! Небаре тоа е нешто којзнае што дека не им побегнала. Рутинска работа на полиција е да обезбедува, нели, за тоа се платени. Да не треба и ловорики да им симнуваме дека не им побегнала, а?! Бог да чува сте бе вие, не ми се верува што се нè правите за да одбраните нешто.
Не друже мој. Ти рече побегнала Гоца, јас ти кажав дека еве најверојатно не е побегната, дека е шпекулација, па после ти ми се наврти дека не е којзнае што, што не им побегнала, а јас ништо – само те слушав. Еве, извини што не е побегната, што да ти кажам… А, зошто велиш аматери кога не им побегнала, не те разбрав?
– Се заебаваш сега со мене, па ми се извинуваш, као јас глуп сум нешто, а?!
Не бе, сакав само да ти кажам како што е досега… Туку, гледаше вчера Макфест ревија нешто беше, Дарио отече со Старо купујем, а Олгица ако пееше до сабајле можи ќе вратеше од гласот ангелски што го имаше, ама ја скратија. Затоа пак Маријана и без пеење, па, па, шо да кажам.
– Да бе, тешка комуњара е Дарио… и шо туку подзабегуваш од мене небаре шугав сум, ебате?!
Не бе друже коронава знаеш, дистанца, ово-оно.
Ајдеее, а бе нема корона, што ве лаже тоа Гугл?!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK