Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет, кој е со истечен мандат. Сè уште актуелниот Престедател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да именува или разрешува партиски органи, велат од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕ.
„Единствено чесно од негова страна би било извинување до членството за претрпените порази, преземање на одговорност, оставка и закажување на вонреден Конгрес.
Само така ќе си го одржи зборот и ќе го сочува образот. Впрочем, самиот Мицкоски јавно вети дека ќе се повлече доколку не победи и не успее да формира влада.
Тајмингот и начинот на кој што го предлага новиот извршен комитет покажува само дека Мицкоски не го почитува конгресот и делегатите кои го избрале. Наместо да побара поддршка на вонреден конгрес и потоа со легитимитет да ја води партијата, доколку добие доберба, Мицкоски одлучува да се коцка со ВМРО-ДПМНЕ и да предлага нови структури кои во суштина не нудат ништо ново“; велат од иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.