ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

September 21, 2020 09:10
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност.

Според Би-Би-Си, документите покажуваат како руските олигарси ги користеле банките за да избегнат санкции, кои требало да ги спречат да префрлаат пари на Запад.

Ова е последното во низата протекувања во изминатите пет години, кои обелоденија тајни зделки, перење пари и финансиски криминал.

Таканаречените „датотеки ФинЦен (FinCEN)“ содржат повеќе од 2.500 документи за трансакции што банките ги испратиле до американските власти во периодот од 2000 до 2017 година. Во документите, наводно, се најстрого чуваните тајни што ги користеле банките за да пријават сомнително однесување, но не биле доказ за сторено кривично дело.

ФинЦен е кратенка за мрежата за истражување на финансиски криминал во САД, која се состои од истражувачи вработени во централната банка (Министерство за финансии на САД). Им се испраќаат сите сомнежи во врска со трансакциите во долари, дури и ако тие биле надвор од територијата на САД.

Документит покажуваат дека најголемата британска банка ХСБЦ им дозволила на измамници да префрлат повеќе милиони долари украдени пари низ целиот свет, дури и откако од американските истражители дознала дека станува збор за измама.
Американскиот „Џеј Пи Морган“ и овозможил на една компанија да префрли преку милијарда долари преку сметка во Лондон, без да знае кој е сопственик. Банката подоцна откри дека е можно компанијата да е во сопственост на мафијаш од списокот на ФБИ на десетте најбарани мафијаши.

Во документите што протекоа се тврди и дека постојат докази оти еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин ја користел банката „Баркли“ во Лондон за да избегне санкции што требало да го спречат да користи финансиски услуги на Запад. Како што се наведува, дел од парите биле искористени за набавка на уметнички дела.

Централната банка на Обединетите Арапски Емирати, наводно, не сторила ништо откако била предупредена дека една компани во земјата му помага на Иран да избегне санкции.

Германската Дојче банка наводно префрлала „валкани“ пари од кругови на организиран криминал, тероризам и трговија со дрога.

Британскиот „Стандард чартерд“, наводно, префрлала средства на Арапската банка во Јордан повеќе од една деценија откако знаела дека клиентите на банката на тој начин финансираат тероризам

Според одделот за разузнавање на ФинЦЕН, Велика Британија се нарекува „јурисдикција со поголем ризик“ како Кипар. Ова се должи на бројот на регистрирани компании во Обединетото Кралство кои се појавуваат во извештаи за сомнителна активност (САР). Во датотеките на ФинЦен именувани се повеќе од 3.000 компании од Велика Британија, повеќе отколку од која било друга земја.

Документите протекоа во „Базфид њуз“ и беа споделени со група истражувачки новинари од целиот свет, кои ги доставија до 108 новински организации во 88 земји.

Next Post

Приведен човекот кој вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk