пишува: РИБАРО
– Ја прогласувам ВМРО-ДПМНЕ за сезонски грип, е член на ЦК.
Чек, друже, тоа беше на оној муфтијата шо го сменија, нели за короната беше тоа.
– Е така де тоа беше оној со младата девојка за жена, тоа е истиот муфљуз нели од екран што не излегува на вмронскине телевизии.
Не, не, тоа е оној што рече – Ја прогласувам короната за умрена, па одма после тоа го сменија муфтиите, а ово е оној експертот што велеше дека короната е ништо страшно, грип некој сезонски, па после му текна колективен имунитет, па после нешто трето.
– Чекај, а нели овој е оној стариот муфљуз со младата девојка за сопруга?
Кој?
– Па овој што го пикна вчера Мицко во Извршен комитет, а го набрка Јанушев од генерален?
Е тој е де, ама не е овој истиот човек.
– Ме заебаваш ти сега нешто? Како не е тој, кога е тој оној со младата девојка муфљузот.
Ама тебе ти се мешаат. Двајца се.
– А што тој муфтијата со – Ја прогласувам короната за умрена и овој муфљузов со – Короната е сезонски грип, не е ист чоек? Нели прво ќе речеме дека не е опасна, па потоа ќе ја прогласиме за умрена? И нели тој дркул се женеше со млада атрактивна девојка? Шо ме мафташ сега, кога знаеш дека е донесен да го каже историското – Ја прогласувам ДПМНЕ за сезонски грип, па да и ги мавнат клучевите и да отиде имотот кај МПЦ, нели тоа во Статутот нивни така стои. И не беше тој обичен муфтија, тој беше Реис ако толку сакаш да си прецизен.
Види, реиз ти е автобус, кого заебаваш ти пак сега, дај сконцентрирај се. Ајде батали, брат, се уморив.
– А убава девојката што ја женил велиш, атрактивна?
Чија, на бившиот Реис или онаа од овој другиов муфљузот инфектологот од ИК на ДПМНЕ?
– Па нели е истиот човек бе – дрт со млада девојка за сопруга, високо котира во политички и верски кругови. Не е ваљда дека имаме двајца исти муфљузи?!
Дете, дај едно пиво и за мене, нека си ебе и сезонски грип и муфљузи и политика и…
– А Реисот велиш кум му бил на муфљузов и овој му дал 4 стана на подарок и куќа во Охрид?
Јанушев е сменет од ген-сек со становите на подарок и куќата во Охрид, оти му љубоморел Мицко кога дознал за анкетниот лист, таков е муабетот. Од каде ти текна сеа Реисот бивши да го пикаш секаде
– Кој муфљуз сеа му бил кум и му дал станови на Јанушев, Вело или Реисот, нели се и двајцата стрејт со атрактивни сопруги, го гледаш ли Јанушев на што личи?
Оф боже…
– Љубовта, брат, е пука козметика, башка нема граници, слушај ме ти мене шо ти велам.
А Илија Димовски?
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK