Намалување на бројот на патници во јавниот превоз и задолжително носење маска на отворено, дури и кога сам човек се движи, се мерките кои се планира да се воведат ако се оцени дека трансимисијата на ковид-19 е неконтролирана, најави денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
„Ќе ги засилиме мерките и контролите и апелирам да се разбере пораката дека ситуацијата е многу сериозна. Искрено се надевам дека нема да стигнеме до карантин, ниту пак до новите рестриктивни мерки и дека нема да се имплементираат. Но, анализите покажуваат дека мерките не се почитуваат на настаните на отворено“, рече министерот.
Ресорниот министер најави и дека дека се анализира зошто расте смртноста кај младите лица.
Исто така, Филипче рече дека останува препораката учениците од прво до трето одделение да почнат со физичка настава од 1 октомври.