Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во гостување во емисијата ТопТема на Телма апелира до родителите кои ги чуваат местата во градинки за своите деца да ги отстапат на оние на кои им е попотребно, со оглед на тоа дека тие родители веќе имаат алтернатива кој да се грижи за нивното дете.
На дневно ниво ги контактираме сите градинки, 311 објекти во државата. Нашите информации како министерство не произлегуваат од ФБ групи, ова се базирани на докази, на дневни извештаи, секој ден ја анализираме состојбата како е. И еве го листот од денес, јас одговорно тврдам, ова е состојбата, значи пишани се децата, а не посетуваат градинка, и оттука нашиот апел до сите родители кои што го чуваат местото, а не го праќаат детето во градинка значи имаат алтернатива кој да се грижи за тоа дете, да го отстапат на родителите на кои што им е неопходно, истакна министерката во емисијата Топ Тема на Телма.
Д. Е.