Министерката за образование и наука Мила Царовска во своето гостување на Алсат телевизија се осврна на најголемите предизвици со кои се соочува образовниот систем и повика на поголема одговорност од секој за полесно да се надминат проблемите.
Наставниците ни се основата на образованието. Убедена сум дека во државата имаме наставници коишто се стручни и полни со знаење, но им недостига мотивација за тоа да го пренесат на учениците.
Затоа, ќе работиме на нивно јакнење. И не само што ќе ги мотивираме, туку ќе овозможиме и нивно надоградување, напиша министерката на Фејсбук.
Д. Е.