Новоименуваниот Европски претставник во земјата, Дејвид Гир, изјави дека актуелната влада постигнал добри резултати и во реформите и особено во добрососедските односи, и ги охрабри домашните политичари да се продолжи со упорна работа до постигнување на крајната цел, членството во ЕУ.
„Да потсетам дека земјата во оваа фаза на процесот на интеграција во ЕУ веќе постигна многу кога станува збор за реформите, но исто така и во смисла на решавање на билатералните спорови со соседите кога признаваме дека Северна Македонија е пример за целиот регион”, нагласи амбасадорот Гир.
Преговорите со Европска Унија ќе започнат и ќе завршат со владеење на правото, порача новиот евроамбасадор, по средбата со премиерот Зоран Заев. Тој потенцира дека важно е да се работи и на одбраната на човековите права, одржување на демократијата, заштитата на животната средина и одржлива и динамична економија.
„Потребно е да се реформираат сите области, особено владеењето на правото кое што е еден од клучните кластери во преговорите според новата методологија за проширување на ЕУ – да биде отворено прво и да биде затворено последно. Тоа значи дека земјата ќе мора да одржи постојани напори во сферата на владеењето на правото до крајот на самите преговори”, изјави Дејвид Гир, новиот шеф на делегацијата на ЕУ.
А. Зеќири