ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Пред Берлинскиот процес очекувам средба со Борисов, со кој ќе разговараме за Гоце Делчев

September 23, 2020 12:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека првата официјална посета како премиер новата Влада очекува да биде на Бугарија, каде што со премиерот Бојко Борисов ќе разговараат за Гоце Делчев. Заев очекува дека посетата ќе се одржи пред закажаното одржување на Берлинскиот процес на 10 ноември, со кој заеднички претседаваат Северна Македонија и Бугарија.

-Очекуваме во периодот, не подоцна, од 10 ноември да направиме една средба. Секако јас сакам да ја посетам Република Бугарија и да биде мојата прва официјална посета како претседател на Владата заради тоа што навистина имаме и прашања за разговори, а тоа е токму прашањето за ова следно историско поглавје, а тоа Гоце Делчев како историска личност и овој период од историјата. На 10 – 11 ноември се очекува да се одржи Берлинскиот процес каде што сме домаќини ние и Бугарија заедно, што ќе се одржи во Софија. Очекуваме овие денови да добиеме и повратна информација од Бугарија за да можеме да седнеме да поразговараме на подготовката за Берлинскиот процес, секако и за ова отворено прашање, рече Заев.

Вели дека е добро што заедничката Комисија за историски и образовни прашања работи за изнаоѓање заедничко решение, изразувајќи уверување дека ќе испорачаат опции на иницијативи на решение на проблемот.

-Генерално нашето очекување е час поскоро да седнеме да изнајдеме решенија на ова прашање, да го подготвиме и бидеме навистина одлични во организацијата на Берлинскиот процес. Кажувам одлични во констелација и на Ковид-19 кризата што опстојува, но секако и очекувајќи до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција, вели Заев.

На новинарско прашање што лично мисли, дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин, Заев рече дека Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер.

-Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер. Факт е дека имаме наш град што се вика Делчево, во Бугарија има град Гоце Делчев, имаме споменици во Северна Македонија и во Бугарија. Заедно со премиерот Борисов се поклонивме во Благоевград на споменикот на Гоце Делчев но и заедно се поклонивме и на гробот на Гоце Делчев овде во Скопје, и реалноста и фактите се тие, рече Заев на заедничката прес-конференција со новиот ЕУ амбасадор Дејвид Гир.

Го повтори ставот дека низ историските личности треба да гледаме основа за градење на уште поголемо пријателство и соработка помеѓу двете земји и двата народа и оти не е добро како за европската иднина на Балканот, така и за регионот на Југоисточна Европа, историските моменти да се избегнуваат и се ставаат „под тепих“.

-Затоа имаме и договори за доброседство и соработка, за да можеме и во иднина да ги решиме и овие прашања, прашања што треба да не обединуваат, што ќе ја споменат нашата заедничка историја како нешто што било светост за граѓаните кои живееле во тој период конкретно крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога револуцоиниерите овде се бореле за социјални права, за слобода…и верувам можеме низ решение што ќе носи соработка и уште поголемо пријателство ќе бидат предизвиците низ кои што ќе ја димензионираме европската иднина, оцени Заев.

Next Post

По инагурацијата на Лукашенко опозицијата повика на граѓанска непослушност

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk