Автопатот Кичево-Охрид почна да се проектира уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е пример кој нѝ кажува како не требало да започне овој проектот, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочаврски во Топ тема.
-Во самата проекција немаше ниту едена клучка-село каде ќе влезеш, туку патот те водеше од Кичево веднаш во Охрид во овој проект беа пронајдени повеќе геомеханички грешки. Сега се прави репроектирање на трасата со цел да се тргнат грешките кои се голем проблеми и кои беа накриво насадени на овој пат. На оваа делница имавме многу рушевини, поради многуте косини кои се обрушуваат, а тоа е недозволиво. На автопат се работи, но динамиката не е зголемена заради промените кои мора да се решат, изјави Бочаврски.
Бочаврски најви дека по Коридорот 10 ќе има нов систем со кој секој патник ќе има известување за состојбата на патот и каде има исклучувања.
Извор: Локално.мк