ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Амбасадата на Германија обезбеди осум нови респираторни машини

Станува збор за осум респираторни апарати, тип Дрегер Евита В 600, кои имаат модул и за инванзивна и за неинванзивна нега. Со оваа донација, се зајакнуваат капацитетите на јавните здравствени установи во земјава. Вкупната вредност на донацијата изнесува над 230 илјади евра, а истата е обезбедена преку Сојузната организација за техничка помош THW.

September 24, 2020 18:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн, по повод обезбедената помош од Амбасадата во справувањето со пандемијата од вирусот КОВИД-19.

Станува збор за осум респираторни апарати, тип Дрегер Евита В 600, кои имаат модул и за инванзивна и за неинванзивна нега. Со оваа донација, се зајакнуваат капацитетите на јавните здравствени установи во земјава. Вкупната вредност на донацијата изнесува над 230 илјади евра, а истата е обезбедена преку Сојузната организација за техничка помош THW.
„Се радувам што медицинските апарати доаѓаат во вистинско време, кога е потребна помошта. Оваа донација е по иницијатива на сојузната Влада за време на германското претседателство во советот на Европската Унија, за помош на државите од Западен Балкан при пандемијата од ковид-19. Со оглед на актуелните состојби, главен акцент на нашето претседателство е справување со пандемијата и нејзините последици. Овде, во регионот на Западен Балкан сакаме да покажеме дека нашите партнери при борбата можат да се потпрат на нас. Германија досега го поддржува регионот со 15 милиони евра. Освен тоа, Европската Унија помага со 3,3 милијарди евра во кои Германија учествува со скоро една третина. Вкупната вредност на донацијата е 233 илјади евра, а се имплементираше преку германската сојузна агенција за цивилна заштита THW“, потенцираше амбасадорката Холштајн.
Министерот Филипче се заблагодари на германската амбасадорка Холштајн и Амбасадата на Германија за континуираната помош и досегашната успешна соработка во справувањето со вирусот КОВИД-19.
„Германија се докажа во целиот изминат период дека е нашиот најголем партнер во евроинтегративните процеси, но и во поддршката на здравствениот систем во оваа криза којашто го снајде целиот свет. Уште на почетокот на кризата донираа заштитна опрема, која беше дистрибуирана во јавно-здравствените установи. Донацијата од 8 респираторни машини се дистрибуирани во одделите за интензивна нега таму кадешто се лекуваат пациентите заболени од ковид. Оваа дополнителна опрема практично е еден сериозен дел од опремата на секое одделение за интензивна нега“, истакна министерот Филипче.
Воедно, министерот потсети дека неодамна во соработка со германската амбасада и невладината организација „Проект ХОПЕ“ беше обезбедена медицинска опрема за повеќе универзитетски клиники, меѓу кои: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Клиниката ТОАРИЛУЦ и Клиниката за неврохирургија, а за Клиниката за детски болести се обезбеди опрема за реанимација со неинвазивна респираторна поддршка, наменета за предвремено родени деца, односно доенчиња кај кои е потребно подобрување на волуменот на белите дробови.
Next Post

Прво апсење на обвинет од Меѓународниот суд за Косово

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk