ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Реновиран Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија

September 24, 2020 11:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче вчера го посети реновираниот амбулантско-поликлинички дел за прием на пациенти со дијабетес – Центарот за дијабетес при Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот, соопшти Министерството за здравство.

– На Клиниката за ендокринологија комплетно реновиравме пет дијабетолошки амбуланти, направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти со ургентни дијабетолошки компликации. Исто така, отворен е Кабинет за дијабетично стапало и опремен со термален скенер за стапало и дигитален биотензиометар – вибротест. Пациентите со дијабетес може да имаат сериозни и несакани последици од Ковид инфекција и затоа посебно се водеше сметка да се осовремени Центарот за дијабетес со цел спроведување на посебните протоколи кои се неопходни при преглед на амбулантски болни во услови на пандемија. Изминатиот период имавме сериозни инфраструктурни зајакнувања на здравствени установи кои и во услови на пандемија со Ковид-19 непречено продолжуваат, а таков е примерот и со оваа Клиника, истакна министерот Филипче по посетата на оваа установа.

Од Министерството за здравство соопштија дека во оваа установа е регулиран протокот на болните, дефинирани се патеки на движење во согласност со протоколите за одржување дистанца, сите амбуланти се опремени со UV лампи со цел темелна дезинфекција на просторот.

– Изминатиот период на Клиниката целосно беа реновирани одделот за интензивна нега, дел од болничкото одделение и собата за изолација. За офталмолошкиот кабинет беше набавена фундус камера, биомикроскоп за преглед на предниот очен сегмент и апарат за бесконтактно мерење очен притисок, а оваа јавно-здравствена установа е вклучена во интернационален проект од светски рамки за ран скрининг на компликации од дијабетична ретинопатија. Набавени се и два ехо апарати за преглед на тироидна жлезда, за ендокринолошката амбуланта, вели директорката на установата д-р Саша Јовановска Мишевска.

Овие активности се дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. Со несмалено темпо продолжуваме да го подигнуваме нивото и квалитетот на здравствена заштита и значително да вложуваме во инфраструктурното зајакнување на установите, информираат од Министерството.

Next Post

Рангелова ослободена од обвинението за „Насилство во Општина Центар”

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk