На денешната презентација на проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“, финансиран од амбасадата на Кралството Холандија, а спроведен од #ДКСК и #ТранспаренсиИнтернешнлМакедонија, имав можност да ги слушнам резултатите од мониторингот на повеќе закони кои го регулираат вработувањето, унапредувањето и генерално работните односи во јавните институции, напиша вицепремиерот Љупчо Николовски на социјалните мржи.
Во периодот кој следи ќе формирам работна група за подготовка на измени во законите кои предвидуваат широки дискрециони овластувања. Реформата ќе биде крупна и капитална и најавувам дека со неа ќе се опфатат значаен број закони, изјави Николовски на презентацијата.
За ова, вели Николовски, барам широка политичка поддршка од сите политички чинители, првенствено вклучувајќи ја опозицијата, но секако и невладиниот сектор како и целата експертска јавност.
Ова заедно со надгледувањето на новиот Кодекс за етичко однесување на Владата и функционерите, очекувам да биде значајна алатка во нашата борба против корупцијата и непотизмот.