ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Прво апсење на обвинет од Меѓународниот суд за Косово

September 24, 2020 19:03
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на Специјалниот обвинител при Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово потрвди дека денеска е упасен поранешниот шеф на разузнавање на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и некогашен офицер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Салих Мустафа, што е прво апсење на лице за кое е покренато обвинение пред Судот во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, Мустафа е уапсен врз основа на меѓународна потерница и обвинение потврдено од судија во претходна постапка на Специјализираните комори, како што е официјалниот назив на Трибуналот.

Апсењето е изведено во Косово и Мустафа е веднаш упатен за Хаг, каде што ќе биде задржан во притворното одделение на Судот и во најскоро време изведен пред надлежен судија.

– Според Законот за Специјализираните комори и Канцеларијата на Специјалниот обвинител, полицијата во рамките на Канцеларијата на Специјалниот обвинител има авторитет и одговорност да ги извршува надлежностите кои ѝ се дадени на Полицијата на Косово, согласно законите на Косово. Во Законот… исто така се предвидува дека лицето против кое ќе се потврди обвинение ќе биде приведено врз основа на потерница или налог за апсење издаден од Специјализираните комори, се наведува во соопштението.

Членови на семејсвото на Мустафа изјавија за приштинските медиуми дека апсењето го извршиле членови на Меѓународната правна мисија во Косово ЕУЛЕКС и дека тие им кажале дека ќе го пренесат во Хаг.

Од Министерството за одбрана на Косово потврдија дека Мустафа е уапсен, но се уште немаат официјална информација за тоа кој го извел апсењето.

Мустафа е интервјуиран од обвинителите на Специјализираните комори во Хаг во ноември минатата година, во својство на осомничен за воени злосторства.

Мустафа е интервјуиран од обвинителите на Специјализираните комори во Хаг во ноември минатата година, во својство на осомничен за воени злосторства./МИА/

Next Post

Пронајдена мини лабораторија и стебла канабис во Визбегово, приведени три лица (ВИДЕО)

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk