Позитивен тест на Ковид 19 кај негувателка и дете времено ја затвори градинката во Чешиново. Објектот Штркче по препорака на епидемиолог нема да работи до 30 ти септември а во изолација се сите кои биле во контакт со заразените, објави Сител.
Вонредна дезинфекција и домашен карантин и за група на дечиња од градинката Гоце Делчев во Виница каде една од вработените има корона вирус.
-Групата со 12 дечиња, воспитувачката и негувателката која беше на замена по препорака на епидемиологот одат во 14 дневна изолација. Има насоки да се следи нивната состојба дали ќе има промени. Направена е дезинфекција во просторијата, вели Наташа Анакиева Димитрова, директор на градинка Гоце Делчев – Виница.