Меган Маркл и принцот Хари учестуваа во специјалното издание на ABC во кое ги охрабруваат гледачите да се пријават за гласање за, како што велат, „100% најважните избори во нивните животи“. И покрај тоа што парот апсолутно не го ни споменува Трамп, претседателот на САД најверојатно мислел дека има потреба да даде свој сексистички коментар за време на прес-конференција.
На новинарско прашање „што мисли Трамп за тоа што Меган и Хари практично го поддржале Бајден“, коментарот на Трамп се однесувал само на Меган, иако бил прашан за неа и за Хари:
„Не ми е најомилена. Ќе речам нешто што таа веројатно и претходно го има слушнато – му посакувам многу среќа на Хари, ќе му треба.“
Both Meghan and Harry encouraged Americans to vote for Biden, but Donald Trump attacks only her. Shocker. pic.twitter.com/XZqGEs9yPl
— Shannon Watts (@shannonrwatts) September 23, 2020
Двојката во своето обраќање не спомнува ниту еден од кандидатите за претседател на САД и не го поддржува демократскиот кандидат, Џо Бајден. Тие, по повод Националниот ден за регистрирање за гласање, се обратиле до јавноста велејќи:
„Само 6 недели нѐ делат од денот на изборите, а денес е Национален ден за регистрирање за гласање. Секои 4 години ни велат дека „ова се најважните избори во нашите животи“, но овие навистина се. Кога гласаме, ги активираме нашите вредности и нашиот глас е слушнат. Вашиот глас е потсетник дека вие сте важни. Бидејќи сте. И заслужувате да бидете слушнати“.