Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се обрати на онлајн регионална конференција насловена како „Време на предизвици – кохезија на Берлинскиот процес и европските интеграции на Западен Балкан“.
– Со граѓанските организации заедно се боревме за почеток на преговорите со ЕУ и поради тоа, граѓанските организации треба да ги имаме и како набљудувачи на процесот, но и како учесници во преговорите, потенцираше Маричиќ, koj се обрати во рамки на третата сесија посветена на соработката на владите со граѓанските организации.
– Граѓанските организации се активни и вклучени, но Владата е таа која треба да подаде рака за соработка, без разлика што граѓанските организации имаат улога да ја критикуваат и подобруваат работата на Владата, смета Маричиќ.