Негувателка од градинката во Свети Николе е позитивна на ковид-19, поради што во изолација одат нејзина колешка и децата од групата, а останатите групи продолжуваат со згрижување на децата, пренесе СДК.МК.
„Во текот на вчерашниот ден има позитивен случај на вработена во градинка. Тоа е негувателка. Поради тоа, групата деца која ја водела оди во изолација исто како и нејзината колешка“, соопшти Центарот за јавно здравје Велес, подрачна единица Свети Николе.