ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пахор: Правилно и праведно е што побрзо да почнат преговорите на ЕУ со С.Македонија

September 25, 2020 17:00
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почестен сум што можам да Ви се обратам и ја користам оваа прекрасна пригода за да ви ги пренесам изразите на искрено пријателство и посебна наклонетост на Словенија кон вашата држава и сите нејзини граѓани. Дојдов да Ви изразам цврста поддршка за сите ваши напори за членство во ЕУ. Ниту една друга држава не жртвувала толку труд и политичка енергија за исполнување на условите уште пред започнување на преговорите и се восхитувам на вашата храброст и ја ценам подготвеноста за компромиси што на Северна Македонија ќе и загарантираат јасна евроропска перспектива.

Ова денеска го нагласи во обраќањето пред пратениците во Собранието, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава.

– Оценуваме дека тоа сега во прв ред станува геополитичко прашање од аспект на апсорциски капацитет за што зборувавме во Брисел, приклучувањето на државите од Западен Балкан на ЕУ е речиси од занемарливо значење и од аспект на територијална заокруженост на картата мошне добро е видливо дека Западен Балкан природно спаѓа во просторот на ЕУ, рече претседателот Пахор.

Тој посочи дека Словенија ги разбира резервите што во поглед на проширувањето владеат во Брисел, но е на мислење дека најпогрешната одлука за ЕУ и за Западниот Балкан, би било  одложување на проширувањето поради други прашања со кои во овој миг се соочува интерно и глобално.

– Би сакал да ја нагласам својата оценка. Ако нема проширување на ЕУ или ако многу доцни проширувањето, во овој регион полека повторно ќе фати корен тезата дека распаѓањето на поранешна Југославија всушност се уште не е завршено и дека треба наместо постојните граници да се уважат етничките граници. Од историски искуства знаеме дека има мошне малку можности ваков процес да се одвива по мирен пат и без конфликти, што би можеле да ги разнишаат и безбедноста и стабилноста пошироко во ЈИЕ, потенцира претседателот на Словенија.

Додаде дека затоа повеќе пати рекол дека проширувањето на ЕУ со  Западен Балкан е екслузивно политичко прашање кое бара и од ЕУ уште попромислена стратегија.

– Словенија пред се инсистира за што побрз почеток на преговори со Северна Македонија. Вашата држава направи баш се дури и невозможното за да ги исполни бараните услови, затоа секое одлагање на почетокот на преговори би било неосновано и морално неправедно, а ќе му штети и на авторитетот на ЕУ, дециден беше Пахор во обраќањето пред пратенциите во Собранието.

Со други зборови, истакна тој, сега е време за Северна Македонија. Според него, тоа го чува начелото на индивидуален пристап кон секоја држава кандидатка, а ја чува и надежта за продолжување и успешен крај на преговорите за сите држави во регионот и нивното конечно вклучување во европското семејство. Словенија, подвлече Пахор, за тоа и натаму ќе помага и ќе соработува.

Пред пратениците словенечкиот претседател Пахор истакна дека имаме одлични билатерални односи на сите полиња.

– Има многу контакти меѓу луѓето и редовен политички  дијалог, а пред се сме навистина искрени поддржувачи на проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан. Едноставно сакаме Европа во иднина  да биде потесно поврзана и уште поединствена. Словенија е искрена пријателка со сите народи и сите држави во овој регион. На рамниште на претседатели на сите држави  тоа го докажуваме и со Процесот Брдо Бриони чија членка е и Северна Македонија. Средба на врвот на иницијативата ќе организираме во Љубљана веднаш штом ќе овозможат епидемиолошките услови, најави претседателот Пахор.

Спомена дека уште на Сараевската конференција на иницијативата во 2016 година предупредил на можноста од забавен процес за проширување на ЕУ и задача на секоја една држава, како што рече, е сите заедно да ги забрзаат процесите на структурни реформи на внатрешен план и решавање на билатералните прашања на надворешен план.

– Тоа според моето мислење сега важи уште повеќе, Северна Македонија е пример за таков пристап, за таква одговорност кога се работи за внатрешниот развој во државата и регулирањето на односите со соседите. Во последните години вложивте многу напори за изградба на модерна, мултикултииурална, мултиетничка заедница која се темели врз почитувањето на човечките права и правата на малцинствата, рече во обраќањето пред пратениците во Парламентот претседателот Пахор.

Односите со соседите по правило се најпроблематични и секогаш проткаени со чувства, а често и со историски трауми, посочи тој, истакнувајќи дека го радува тоа што С.Македонија го препозна значењето на негување на односите со соседните држави во европскиот дух на помирување и меѓусебно разбирање.

– Со државничка зрелост и мудрост ги постигнавте и двата договора со Грција и со Бугарија. И самите најдобро знаете колку тешко било тоа. ЕУ оправдано очекува дека ќе ги почитувате одредбите од двата меѓународни договора. Но, и вие очекувате и двете држави и ЕУ да ги почитуваат нивните ветувања, рече Пахор.

Имплементацијата не е лесен процес, оцени, но треба да се спроведува исто така мудро и грижливо и во духот на добрососедските односи како што беше спроведен процесот на преговорите за склучување на тие две спогодби.

– Сега е миг да се почитуваат договорите, да се уважуваат и дадениот збор да важи нешто. Затоа повторувам Република Северна Македонија сега е време да се направи еден чекор напред кон ЕУ. Тоа е важно за РСМ, тоа важно за Западен Балкан, а тоа исто толку е важно и за ЕУ. До оваа ситуација водеше стрмен и тежок пат, затоа единствено правилно и праведно што побрзо да започнат официјални преговори на Северна Македонија со Брисел. Тоа е навистина  премногу добра прилика за да ја испуштите од раце и тоа е добра прилика за сите, потенцира Пахор.

Тој нагласи дека треба да ја сметаме неговата посета како знак на такво разбирање во врска со тоа прашање.

– Северна Македонија е пример и затоа заслужува наша почит и поддршка. Сега е време, нагласи словенечкиот претседател Борут Пахор пред пратенциите во законодавниот дом.

Next Post

Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk