Приведени четворица дивокрадци кои нападна полициски службеници, информира МВР.
Поголема група граѓани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва, нападнале петчлена полициска патрола, синоќа околу 20 часот во атарот на велешкото село Степанци, Велешко .
Синоќа околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.
Како што информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, досега се приведени четири лица.