Девет лица кои се барале со потерница за издржување на затворска казна, се приведени, информираат од СВР Скопје.
„Во текот на вчерашниот ден (24.09) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи приведоа девет лица што со потерница се барааа за издржување на затворска казна и тие се спроведени до казнено поправните институции. Приведени се И.Т. (37), Д.Б. (34), А.Љ. (43), Т.С. (60) , Г.Ш. (37), О.С. (24) Љ.Г. (61), А.Н. (34) и Ф.Џ (32) за издржување на затворски казни во различно време траење, до три години.“, велат од СВР.